Манифестација „Science on Stage“ во ООУ „22 Ноември“ Општина Гази Баба – Скопје
Во просториите на нашето училиште ООУ „22 Ноември“ денес со голем успех се одржа манифестацијата „Science on Stage“, во рамките на месецот на науката. Овој настан имаше за цел да ја промовира љубовта кон науката, креативноста и истражувачкиот дух кај учениците.
На манифестацијата учествуваа и неколку училишта од регионот, и тоа:
ООУ „Имри Елеѕи“ – Скопје
ООУ „Хасан Приштина“ – Скопје
ООУ „Андон Ѕако Чајупи“ – Хотла
ООУ „Абдил Фрашери“ – Харачина
Учениците од овие училишта презентираа интересни експерименти, технолошки проекти и креативни научни трудови, покажувајќи го своето знаење и меѓуучилишната соработка. Атмосферата беше исполнета со енергија, ентузијазам и истражувачки дух.
Им се заблагодаруваме на сите училишта учесници, наставниците и учениците за нивниот драгоцен придонес, кои ја направија оваа ден вистински празник на науката.
Со почит,






Поврзани објави