Обука: „Емпатија, Пријателство и Поддршка“
На ден 28.10.2025 година, во нашето училиште се одржа обука на тема „Емпатија, Пријателство и Поддршка“, поддржана од Бирото за развој на образованието, а ја реализираше психологот од Министерството за образование и наука, г-ѓа Маја Ѓоргевска Павловски.
Целта на обуката беше развивање на социо-емоционални вештини и поттикнување на емпатија, разбирање и прифаќање кај учениците.
Учениците разговараа за пријателството и поддршката, ја погледнаа едукативната приказна „Пол и змејот“, и преку програмата „10 лекции за пријателска и грижлива комуникација“ учеа како да бидат поддршка за соученици кои се соочуваат со здравствени предизвици.
Активностите завршија со креативни пораки, цртежи и честитки со поддршка и охрабрување.
Координација и поддршка: наставничките Орнела Адеми и Салате Бектеши.






Поврзани објави