ООУ 22 НОЕМВРИ

Општина Гази Баба

истражувања за рециклирање на моторни масла 06 05 2026

Истражувања за рециклирање на моторни масла

Учениците од ООУ „22 Ноември“ презентираат истражувања за рециклирање на моторни масла.
Едукативна активност во соработка со компанијата Еко Флуид.
Скопје, мај 2026
Во ООУ „22 Ноември“ во Општина Гази Баба – Скопје, се реализираше едукативна активност во која учениците ги презентираа своите истражувања за важноста на рециклирањето на моторните масла. Преку оваа активност, учениците покажаа посветеност, креативност и висока свест за заштита на животната средина.
Активноста се одржа во присуство на директорот на компанијата Еко Флуид, г. Бесник Адеми, кој го пофали ангажманот на учениците и значењето на обработената тема. Во знак на поддршка и мотивација, тој додели сертификати и подароци за учесниците.
Оваа активност е дел од континуираните напори на училиштето за промовирање на еколошкото образование и градење на одговорна култура кон природата кај младите генерации.

Logo 22 Nentori 225
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе