Единство во различноста - ООУ 22 НОЕМВРИ

ООУ 22 НОЕМВРИ

Општина Гази Баба

Unity in diversity 13 10 2025

Единство во различноста

„Единство во различноста“ – прослава на културите и пријателството.

Во рамките на Неделата на детето, учениците од петто одделение на ООУ „22 Ноември“ учествуваа на фестивалот „Единство во различноста“, организиран во Меѓународното училиште „Маариф“. Настанот ги обедини учениците од различни училишта – македонски, турски, бошњачки и албански – со цел да се промовираат соживотот, почитта и меѓукултурното разбирање. Во свечена и весела атмосфера, нашите ученици ја претставија албанската традиционална игра и традиционалните јадења, споделувајќи дел од својата култура со сите присутни. Покрај уметничкиот дел, се реализираа и различни работилници, на кои учениците работеа заедно во мултикултурни групи, покажувајќи креативност, соработка и пријателство. Овој настан претставуваше прекрасен пример дека различноста е богатство и дека преку соработка и меѓусебна почит, децата учат вистински вредности на единство и меѓусебно разбирање меѓу културите.

Активот на петтите одделенија

Logo 22 Nentori 225
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе