Скелетот кај човекот
Предмет: Природни науки – Тема: „Скелетот кај човекот“
Учениците од одделението III-1 денес реализираа многу интересен и едукативен час по предметот Природни науки, на тема „Скелетот кај човекот“.
За време на часот, учениците научија за главните делови на скелетот, неговите функции и важноста што ја има за човечкото тело.
Преку практични активности и креативни изработки, тие создадоа модели на скелет и ги презентираа со голем ентузијазам.
Со оваа активност, учениците полесно го разбраа градењето на човечкото тело и учеа на пријатен и соработувачки начин.
Координатор: учителка Маида Сали Таирова






Поврзани објави