Покана „Science on Stage“
Почитувани колеги, родители и ученици,
Основното училиште „22 Ноември“ Општина Гази Баба – Скопје, има чест да биде домаќин на манифестацијата „Science on Stage“, во рамките на Месецот на науките и STEM едукацијата на тема „Научни супермоќи“ (Наука, Технологија и Математика).
Оваа активност има за цел училиштето да се претвори во сцена на знаењето и креативноста, каде што учениците ќе имаат можност да ги презентираат своите трудови, експерименти и научни проекти, правејќи ја науката жива и привлечна за сите.
06.11.2025
ООУ „22 Ноември“ Гази Баба – Скопје
16:00
Ги покануваме сите ученици и наставници да учествуваат на овој инспиративен настан, каде што секоја нова идеја претставува чекор кон иднината!
Со почит,
Организациски тим на ООУ „22 Ноември“ Општина Гази Баба – Скопје

Поврзани објави