Студиска посета на Хидрометеоролошкиот институт - ООУ 22 НОЕМВРИ

ООУ 22 НОЕМВРИ

Општина Гази Баба

Студиска посета на Хидрометеоролошкиот институт (3)

Студиска посета на Хидрометеоролошкиот институт

Во рамките на проектот „Градиме нови мостови“, поддржан од ОБСЕ и Министерството за образование и наука (МОН), на датум 28.05.2025, учениците од одделението VIII-3 реализираа студиска посета на Хидрометеоролошкиот институт.

Оваа посета имаше за цел да ги продлабочи знаењата на учениците за животната средина, климата и значењето на зачувувањето на природните ресурси, како и да ја поттикне свеста за заштита на животната средина.

За време на посетата, учениците имаа можност одблиску да ги видат уредите за мерење на температурата, влажноста, врнежите и загаденоста на воздухот.

Активноста придонесе за развој на критичко размислување и соработка меѓу учениците, зајакнувајќи го духот на проектот „Градиме нови мостови“.

Салате Бектеши, Теута Хаскај Војника

Logo 22 Nentori 225
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе