MPS 22 NOVEMBER

Municipality of Gazi Baba

Студиска посета на Хидрометеоролошкиот институт (3)

Study visit to the Hydrometeorological Institute

Во рамките на проектот „Градиме нови мостови“, поддржан од ОБСЕ и Министерството за образование и наука (МОН), на датум 28.05.2025, учениците од одделението VIII-3 реализираа студиска посета на Хидрометеоролошкиот институт.

Оваа посета имаше за цел да ги продлабочи знаењата на учениците за животната средина, климата и значењето на зачувувањето на природните ресурси, како и да ја поттикне свеста за заштита на животната средина.

За време на посетата, учениците имаа можност одблиску да ги видат уредите за мерење на температурата, влажноста, врнежите и загаденоста на воздухот.

Активноста придонесе за развој на критичко размислување и соработка меѓу учениците, зајакнувајќи го духот на проектот „Градиме нови мостови“.

Салате Бектеши, Теута Хаскај Војника