Посета на Националната Галерија
Денеска заедно со нашите ученици, ја посетивме Националната Галерија, искуство кое не само што ги прошири нивните знаења за уметноста и културата, туку и ги инспирираше. Имавме можност одблиску да видиме дела на познати уметници, разговарајќи за темите, техниките и пораките што тие ги пренесоа.
Оваа посета се претвори во час за учење, каде уметноста стана најубавата алатка за поттикнување на критичкото размислување и креативноста.
За да го завршиме овој посебен ден, нашиот училишен хор одржа краток, но многу трогателен настап во рамките на Галеријата.
Оваа посета заедно со учителката Алма Туша и Влора Мустафа заедно со учениците, ќе остане убав спомен и дополнителна мотивација да се биде поблиску до уметноста и културата.







Поврзани објави