Едукативна повеќедневна екскурзија во Охрид и околината - ООУ 22 НОЕМВРИ

ООУ 22 НОЕМВРИ

Општина Гази Баба

Едукативна повеќедневна екскурзија во Охрид и околината

Едукативна повеќедневна екскурзија во Охрид и околината

Учениците од петто одделение на ООУ „25 Мај“ реализираа повеќедневна едукативна екскурзија во Охрид и околните места. Активноста се одвиваше во рамки на наставата во природа и опфати посети на локации со природно, историско и културно значење.
За време на престојот, учениците ги посетија градот Струга, уникатниот музеј „Заливот на коските“ на вода, како и прекрасните извори на реката Црн Дрим. Преку набљудувања, практични задачи и игри во природа, учениците доживеаја нов и жив начин на учење.
Оваа екскурзија ги продлабочи стекнатите знаења од наставата, ја поттикна соработката и претставуваше незаборавно доживување за сите ученици.
Реализираа: Активот на петтите одделенија.

Logo 22 Nentori 225
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе