МИО „Градиме нови мостови“
Со задоволство му посакавме добредојде на Претставникот за младински прашања на Претседавачот со ОБСЕ, Сантери Лејнонен, во Република Северна Македонија.
Во ООУ “Наум Наумовски-Борче” се одржа средба со претставници и амбасадори на ОБСЕ, наставниците како реализатори на проектот, како и претставници-ученици со нивните родители, во врска со проектот МИО „Градиме нови мостови“, со партнер училиштата ООУ: „22 Ноември“, ООУ „Наум Наумовски-Борче“ и ООУ „Стив Наумов“, поддржан од Министерството за образование и општина Гази Баба.
Проектот беше успешно реализиран во текот на две учебни години преку заеднички часови во нашето училиште „22 Ноември“, под раководство на предметни наставници Салате Бектеши, Анида Амиди и одд. наставник Валдета Троли, како и партнер училиштата ООУ „Наум Наумовски-Борче“ со одд. наставник Дијана Николоска, ООУ „Стив Наумов“ со предметен наставник Даниела Моневска и ООУ „Дане Крапчев“ со предметен наставник Бојана М.
Честитки за успешно завршениот проект!






Поврзани објави