Известување: Успешно завршување на проектот „Градиме нови мостови“ - ООУ 22 НОЕМВРИ
projekt 13 06 2025

Известување: Успешно завршување на проектот „Градиме нови мостови“

Со задоволство ве известуваме дека успешно е завршен проектот „Градиме нови мостови“ , кој се реализираше со поддршка на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа).
Овој проект претставуваше значаен чекор кон зајакнување на соработката, меѓусебното разбирање и поврзувањето помеѓу заедниците и образовните институции. Активностите што се спроведоа во рамки на проектот придонесоа за создавање на поинклузивна и поддржувачка средина за сите ученици и учесници.
Им благодариме на ОБСЕ за континуираната поддршка, како и на сите учесници, наставници и ученици за нивната посветеност и ангажман во текот на целиот период на реализација на проектот.
Заедно изградивме нови мостови што ќе служат како темел за идни соработки.
Посебна благодарност до учениците од одделението 5¹ и наставничката Валдета Троли, како и до одделението 8³ и наставничката Салате Бектеши за нивниот ангажман и реализација на проектот.
Посебна благодарност до родителите, кои беа вистинска поддршка!
Координатори: Теута Хаскај Војника и Сузана Јакупи Курбардовиќ
Со почит,
Раководството на училиштето

projekt 13 06 2025 (1)

projekt 13 06 2025 (2)

Logo 22 Nentori 225
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе