MPS 22 NOVEMBER

Municipality of Gazi Baba

Годишните времиња во звуци, зборови и броеви 11 02 2026

The seasons in sounds, words and numbers

На ден 10.02.2026 (вторник), во рамки на наставните активности, беше реализиран интегриран час по предметите албански јазик, математика, природни науки и музичко образование, со тема „Годишните времиња во звуци, зборови и броеви“.

Часот беше презентиран и реализиран од наставничката Сара Зејнула, заедно со нејзините ученици од одделението II-2, и се одвиваше од првиот до четвртиот наставен час. Активноста беше набљудувана од директорката на училиштето, педагогот и дефектолозите

За време на часот се истакна високо ниво на соработка, креативност и ангажираност, при што учениците со голем ентузијазам учествуваа во разновидни и забавни активности. Овој час покажа дека наставата, кога се реализира на интегриран и креативен начин, може да биде пријатна, мотивирачка и многу корисна.