MPS 22 NOVEMBER

Municipality of Gazi Baba

November 22nd – Day of the Albanian alphabet III-1

По повод Денот на албанската азбука, учениците од III¹ одделение реализираа телевизиска емисија посветена на овој значаен ден, одбележувајќи го преку рецитирање песни, презентирање на стекнатите знаења и активности со меѓупредметно поврзување од различни наставни предмети.

Браво за нашите мали ѕвезди! И во оваа активност, тие ги покажаа своите способности, талент, креативност и умешност во изразувањето, исполнувајќи нè со емоции и гордост.

Посебна благодарност до родителите за нивната незаменлива поддршка и соработка, во секоја заедничка активност.

Јазикот и азбуката се нашето национално богатство – нека живее Денот на албанската азбука, нека живее името на нашето училиште!

Координатор: м-р Дитурие Сејфедини

⚙️
Лого

Privacy Policy

To provide the best experiences, we use technologies like cookies.