Завршна церемонија на проектот “Градење на нови мостови”
На 16 септември, во Основното училиште “Живко Брајковски” во Скопје, се одржа завршната церемонија на проектот “Градење на нови мостови”, поддржан од ОБСЕ и Министерството за образование и наука. Овој проект помогна во зајакнувањето на врските и соработката помеѓу 30 училишта. На церемонијата присуствуваа повеќе од 200 гости, вклучувајќи раководители на училишта, координатори и ученици.
Во свечената церемонија, амбасадорката на САД во РСМ, г-ѓа. Анџела П. Аџелер, ги додели плакетите за благодарност, правејќи го настанот уште понезаборавен. Исто така, поздравни говори одржаа министерот за образование, г-ѓа. Весна Јаневска, амбасадорката на Кралството Норвешка, г-ѓа. Кристин Мелсом, и амбасадорот на ОБСЕ во РСМ, г. Килиан Вал.
Еден посебен момент беше доделувањето на плакетата за новото име на училиштето “22 Ноември”, што претставува важен симбол на посветеноста кон напредокот на образованието и соработката меѓу институциите.
Со почит,
Директорката, Сузана Ј. Курбардовиќ






Поврзани објави