Настан за ангажман на заедницата – Зајакнување на младите за ненасилни и инклузивни заедници
На 27 јануари, во основното училиште „22 Ноември“, успешно се одржа настанот Community Outreach Event во рамки на проектот
„Зајакнување на младите за промоција на ненасилни и инклузивни заедници“, финансиран од Шведската амбасада во Република Северна Македонија.
Настанот беше реализиран во соработка со Центарот за заедничка основа (Centre for Common Ground) и имаше за цел да ја зголеми свеста кај младите за важноста на соживотот, меѓусебната почит и мирното решавање на конфликтите.
Учениците учествуваа во интерактивни активности, едукативни игри и групни вежби кои поттикнуваат соработка, толеранција и градење позитивни односи во заедницата. Настанот придонесе за создавање побезбедна и поинклузивна средина за сите млади.
Актив по физичко и здравствено образование.






Поврзани објави