Мултикултурализам во образованието – 2
Втората работилница се одржа во просториите на ООУ „Дане Крапчев“ во училишната библиотека каде имавме можност да се запознаеме со книжниот фонд на библиотеката, видови на литература, познати книги и автори, а се запознавме и со дел од читателите кои позајмуваат книги во библиотеката. Оттука добивме идеја за создавање на наша КНИГА во која ќе оставиме свој личен печат. Голема благодарност за споделените искуства кои ги дознавме од библиотекарката Жаклина Атанасовска. Следната активност се случи во училницата по историја каде повторно заедно читавме, ги споделивме нашите творби со другарчињата, преведувавме и научивме по некој збор на друг јазик. Учесници во проектот: наставниците Дитурие Сејфедини и Роза Јаневска ученици од V, VI и VIII одделение.







Поврзани објави