Известување до заедницата и родителите
Почитувани родители и жители,
Ве информираме дека по повод Денот на Европа, учениците од нашето училиште учествуваа на посебна активност организирана во градскиот парк Школка. Активноста имаше за цел да ги промовира европските вредности преку активно учество на децата во едукативни игри и културни презентации.
Организацијата на овој настан беше реализирана од страна на координаторката на училиштето, проф. Арлинда Кастрати, со поддршка од наставниот кадар и локалната заедница.
Им благодариме на сите ученици за ангажманот и на родителите за континуираната поддршка.
Со почит,
Арлинда Kастрати.






Поврзани објави