Елиза Алиу
Со гордост ве информираме дека ученичката Елиза Алиу од 9¹ одд. е наградена од директорот г. Бесник Адеми на компанијата “Еко Флуид” за нејзиниот извонреден талент во цртање и калиграфија, докажан преку нејзините трудови на тема со еколошко значење: “Рециклирање на моторни масла”.
Ова достигнување е доказ за посветеноста, креативноста и високата еколошка свест што Елиза ја покажува во секое свое дело. Таа не исполнува со гордост како училиште и претставува инспирација за сите наши ученици.
Посебна благодарност до компанијата “Еко Флуид” за признанието и поддршката што ја дава на талентираните млади и за нивната заложба во едукацијата за почиста и одржлива животна средина!
Со почит,
Директорот на училиштето Сузана Ј. К.









Поврзани објави