ООУ 22 Ноември

Општина Гази Баба

Час по животни вештини – Работилница: „Секој прави нешто“

Учениците од IV-7 одделение денес реализираа многу креативен час по предметот Животни вештини, на тема „Секој прави нешто“.

Како одделение одлучивме да ја украсиме нашата врата со тема на дождот, затоа што денес врнеше дожд.

Секој ученик придонесе на свој начин – некои ги бојадисаа капките дожд, некои ги изработија убавите полжави, а другите ги направија облаците со памук.

Преку оваа активност, децата научија колку е важна заедничката работа и соработката – кога секој прави нешто, заедно можеме да создадеме нешто прекрасно!

Координатор: учителка Ремзије Ахмет Рустеми

Logo 22 Nentori 225, 30-11-2025
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе