Announcement: the new school year begins
Почитувани родители и ученици,
Ве известуваме дека на 1 СЕПТЕМВРИ започнува новата учебна година.
📚 Повисоките одделенија (VI–IX одделение) – наставата ќе ја започнат со прва смена од 07:30.
🎒 Пониските одделенија (II–V одделение) – наставата ќе ја започнат со втора смена 13:00.
За точниот распоред на часовите и организацијата на првиот училишен ден, учениците и родителите дополнително ќе бидат известени од одделенските наставници.
Ви посакуваме успешен, радосен и исполнет почеток на новата учебна година!
Добредојдовте во нашето училиште!
ОOУ „22 НОЕМВРИ“ – Општина Гази Баба – Скопје




Related Posts