Tourism Day – „Eine Reise durch Deutschland”
Во рамките на Денот на туризмот, учениците од одделението 6-7 реализираа отворен час по германски јазик, на тема „Eine Reise durch Deutschland“, поврзана со наставната единица „Interesse“.
Преку презентации, интерактивни активности и меѓусебна соработка, учениците симболично патуваа низ Германија, запознавајќи градови, традиции и учејќи многу нови зборови и изрази на германски јазик. 🗺️🇩🇪
Посебна атмосфера на часот создадоа традиционалните баварски носии и традиционалната храна подготвена од мајките на учениците, со што во училницата беше внесен дел од германската култура и уште еднаш беше потврдена важноста на соработката училиште–семејство. ❤️
👏 Им благодариме на учениците за нивниот ангажман, а на родителите за соработката и посветеноста!
Одделение 6-7 | Наставник: Мирвете Адеми 🇩🇪✨















Related Posts