Проектот реализиран од Екофлуиди
Проектот реализиран од Екофлуиди во училиштето „22 Ноември“ во Скопје, во соработка со учениците од петтите одделенија, беше посебна и многу значајна активност во областа на екологијата.Учениците активно учествуваа во различни едукативни активности, каде што научија за важноста на заштитата на животната средина, зачувувањето на природата и грижата за околината во која живееме. Преку работа во групи, тие го развиваа својот креативен потенцијал изработувајќи различни трудови од рециклирачки материјали, како и дискутираа за начините на кои секој од нас може да придонесе за почиста животна средина.Овој проект не само што ја зголеми еколошката свест кај учениците, туку исто така ги мотивираше да станат одговорни и грижливи граѓани кон природата.
Координатор: Активот на петтите одделенија!







Поврзани објави