Традиционален фудбалски турнир, по повод патрониот празник на училиштето „22 Ноември“
Во рамките на активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште „22 Ноември“ – Скопје, беше организиран традиционалниот фудбалски турнир од страна на Активот на наставници по физичко и здравствено образование, на кој учество зедоа неколку гостински училишта, натпреварувајќи се во машка и женска категорија.
Овој спортски настан се одвиваше во празнична атмосфера, исполнета со емоции, спортско ривалство, квалитетни натпревари, а пред сè со духот на почитта, пријателството и фер-плејот. Преку овој турнир, учениците имаа можност да ги покажат своите спортски способности, да стекнат нови пријателства и да ги промовираат вистинските спортски вредности.
Конечни резултати – Машка категорија:
🥇 Прво место – ООУ „22 Ноември“ – Скопје
🥈 Второ место – ООУ „Абдил Фрашери“ – Арачиново
🥉 Трето место – ООУ „Кирил и Методиј“ – Скопје
🏅 Четврто место – ООУ „Хасан Приштина“ – Скопје
Конечни резултати – Женска категорија:
🥇 Прво место – ООУ „22 Ноември“ – Скопје
🥈 Второ место – ООУ „Абдил Фрашери“ – Арачиново
🥉 Трето место – ООУ „Исмаил Ќемали“ – Скопје
Посебна благодарност упатуваме до спонзорот на овој турнир, компанијата SBV S-Market, со сопственикот г. Идриз Ферати, за поддршката и придонесот во реализацијата на овој спортски настан.
Честитки до сите учесници, победници и ученици за нивниот ангажман и достојното претставување!
Спортот нe обединува, а пријателството и почитта нe прават сите победници!
Нека е честит патрониот празник, училиште „22 Ноември“! 🏆⚽



















Поврзани објави