ООУ 22 Ноември

Општина Гази Баба

Ден на туризмот во Македонија

По повод Денот на туризмот во Македонија, Активот на четвртите одделенија: IV³, IV⁴ и IV⁵ реализираше убава и значајна презентација посветена на нашата татковина, Република Северна Македонија.Преку оваа активност, учениците ги претставија културните богатства, традициите, обичаите и вредностите што ја карактеризираат нашата земја, истакнувајќи ги притоа соживотот, меѓусебната почит и хармонијата меѓу различните заедници.Оваа активност ја пренесе пораката дека културната разновидност е богатство, а соживотот и меѓусебното разбирање се вредности што нè обединуваат и нè прават посилни.

Северна Македонија – земја на култури, традиции и соживот!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.