ООУ 22 Ноември

Општина Гази Баба

Да започнеме со внимание, почит и желба за знаење

Почитувани родители и драги ученици,

На само еден ден пред почетокот на новата учебна година, сакаме да Ве потсетиме дека за време на наставниот процес, на учениците не им е дозволено да поседуваат и користат мобилни телефони и други електронски уреди.

Ова не е воведено без причина. Денес мобилниот телефон е дел од нашето секојдневие, но во училницата неговото присуство често значи помалку внимание, помала концентрација и потешко следење на наставата. Самото ѕвонење, известување или потребата да се провери телефонот може да го прекине вниманието на ученикот, но и да го наруши текот на часот за целата паралелка.

Кога мобилните телефони не се присутни во училницата, учениците имаат можност полесно да се концентрираат, активно да учествуваат во наставата, да поставуваат прашања, да разговараат и соработуваат со своите соученици, а наставниците можат непречено да го реализираат наставниот процес.

На тој начин создаваме средина во која часот е посветен на она што е најважно – учењето, вниманието, комуникацијата и развивањето на знаења и вештини.

Затоа, Ве повикувам заеднички да го почитуваме ова правило уште од првиот ден. Со поддршката од родителите и одговорниот однос на учениците, можеме да создадеме училиште во кое времето поминато на час навистина ќе биде време за учење, дружење и напредок.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Да започнеме со внимание, почит и желба за знаење.

#продолжуваме
(порака од градоначалнокот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски)

Logo 22 Nentori 225, 30-11-2025
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Прочитај повеќе